Тајсон Фјури: Просто, Кличко е уште еден гол задник во бања!

Fjuri betmen

Британскиот боксер Тајсон Фјури демонстрира импресивна разновидност на коментари за Владимир Кличко. Тие ќе се сретнат на 28 ноември, а Британецот е убеден дека ќе го детронизира долгогодишниот шампион.

„Дали му се восхитувам – не. Дали се интересирам за него – не. За мене тој е само уште еден гол задник во бањата“, рече отсечно 206 сантиметри високиот предизвикувач. Ексцентричниот боксер тврди дека ќе се повлече од боскот по мечот, зашто ќе го исполнел својот сон. Тој се надева на вербата во Господ, но целосно е свесен дека дефинитивно не е побожен човек.

Klicko i fjuri vokostimi

„Не сум најдобар христијанин. Јас сум еден валкан грешник и најверојатно нема да одам во рајот, но барем сум се обидел“, додаде Британецот за „Мирор“.

Тој се појави на официјалната прес-конференција за натпреварот преправен како Бетмен.

klicko fjuri plakat

Пред неколку дена, пак, пушти видео клип во социјалните мрежи, на кој си разбива лубеница од главата, алудирајќи штог о очекува шампионот. Самиот Кличко изрази мислење дека мозокот на Тајсон е колку на еден орев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО