Тајсон Фјури признава: Земав многу кокаин!

fjuri so pojasi

Во депресивно интервју за Ролинг стоуно Тајсон Фјури (28 г.) ги потврдува шпекулациите од пред нелколку дена за тоа дека користел дрога, и зборува за депресијата која го одалечува од рингот.

Фјури по освојувањето на титулите со Владимир Кличко во ноември минатата година, а реваншот два пати беше одложен по барање на Фјури. Причината за првото одложување беше повреда, а борбата која требаше да се одржи на 29 октомври ја одложија бидејќи бил „медицински неподготвен“ за дуел.

Боксерот во понедленикот на својот Твитер профил објави дека се повлекува, а по само три часа се премисли и рече дека не се откажува така лесно.

Многумина вистински стравуваат за неговото здравје поради депресијата што ја спомнува.

„Знаете, сум правел многу работи во животот. Сум конзумирал многу кокаин. Вистински многу“ – вели Фјури.

„Зошто да не земам кокаин. Ова е мој живот, така. Можам да правам што сакам. И да, сум земал кокаин, но и многу други луѓе редовно земаат кокаин“ – изјавил боксерот.

Фјури вели дека причината за откажувањето на натпреварот е тоа што не вежбал со месеци, ниту пак влегол во теретана, бидејќи има проблеми со депресијата.

„Поминувам низ тешка депресија. Едноставно не сакам да живеам повеќе, ако разбирате што сакам да кажам. Без разлика на кокаинот, едноставно не ми е грижа за ништо. Кокаинот е само една мала работа споредено со тоа што не ми се живее повеќе“ – вели тој во интервјуто.

Сепак, Фјури вели дека е чист од почетокот на месецот и верува дека сите бараат да направи некаква грешка откако го совлада Кличко и му ги одзеде титулите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО