Нурмагомедов: Ако следната борба не е за титулата, заминувам од УФЦ

habib-nurmagomedov-zuffa

Уште едно познато име се закани со заминување од УФЦ.

Додека организацијата со години преку нивната ранг листа, која нема вистинско значење, која ги туркаше предизвикувачите и тоа е сега се занемарено, а некои борци одлучија да кажат доста е.

Пред неколку дена поранешниот долгогодишен шампион во перолесна категорија Хозе Алдо побара раскинување на договорот, а сега со ултиматум излезе и Хабиб Нурмагомедов(23-0, 7-0 УФЦ).

„Ако по оваа борба не се борам за титулата, никогаш повеќе нема да се борам во УФЦ. Го заслужувам тоа. Непоразен сум. Никогаш не сум изгубил. За осум ипол години ниту една не изгубив. И сите го знаат тоа и знаат дека ја заслужувам таа борба“.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт на Твитер објави дека Русинот ќе се бори против правакот во лесна категорија Еди Алварез на УФЦ 205, а за само еден ден потоа борбата отиде кај Конор Мек Грегор.

„УФЦ мисли Конор има моќ? Ирска има само 6 милиони луѓе. Јас сум од Русија. 150 милиони луѓе. Ако УФЦ по оваа борба не ми даде борбат за титулата, ќе покажам колкава моќ имам во Русија. И знам, ако во следната борба не се борам за титулата, УФЦ никогаш нема да дојде во Русија. Никогаш“.

Наместо за титулата Нурмагомедов на УФЦ 205 во Њујорк ќе се бори против Мајкл Џонсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО