Големата ѕвезда во боксот Тајсон Фјури им одржa предавање на своите фанови. 33-годишниот Британец покажа колку е правилно да се боксува со сенка. Џипси кинг не научи со видео кое трае неколку минути. Фјури моментално се подготвува да ја одбрани титулата на ВБЦ во тешка категорија.
Тој треба да боксира со Дилиен Вајт на крајот на април во Велика Британија. Доколку го добие овој меч, Фјури ќе го чека борба за обединување за сите појаси со победникот од мечот меѓу Александар Усик и Ентони Џошуа.
Нивната битка сè уште е неизвесна, но речиси сигурно ќе биде во првата половина на 2022 година. Тајсон има скор од 31-0-1, а последен пат го нокаутира Дионтеј Вајлдер во нивната трета борба во октомври 2021 година.
Еве како да тренирате бокс со сенка:
https://www.youtube.com/watch?v=Gj9oZaReM9s