Пред 15 години Конор Мек Грегор дебитира во ММА (ВИДЕО)

Пред 15 години во 2007 година Конор Мек Грегор дебитираше во ММА. Борбата беше со аматери, а во неа Конор се соочи со Киеран Кембел. Мечот се одржа во Даблин, Ирска, за промоцијата на Ирски ринг на вистината. Конор победи со нокаут по комбинација на удари.

Една година подоцна Мек Грегор го направи професионалното деби и во втората рунда го нокаутира Гери Морис. За неколку години Мек Грегор стана голема ѕвезда и ги освои титулите во лесна и перо категорија во Кејџ вориорс.

Ова му донесе договор со УФЦ, а Конор продолжи да ја импресионира најголемата светска ММА организација. Стана и двоен шампион во УФЦ.

„Озлогласениот/ The Notorious“ стана најголемата ММА ѕвезда во историјата и најплатената.

Дефинитивно го промени спортот и тоа не може да се негира. Еве како пред 15 години Мек Грегор се најави во ММА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО