Тајсон Фјури: Појасот на ИБФ е парче го..о врз кого ќе урнирам ако го освојам!

Fjuri gro plan

Aктуелениот светски боксерски шампион во тешка категорија,Тајсон Фјури, кој по победата против Владимир Кличко го загуби појасот на Интернационалната боксерска федерација (ИБФ), затоа што одби да боксира со предизвикувач кој му беше одреден.

Сепак, Британецот ги задржа ИБО, ВБА и ВБО појасите, а во својата последна изјава уште еднаш потенцираше колку не го засега фактот што не е сопственик на ИБФ титулата за која месецов ќе се борат Чарлс Мартин и Ентони Џошуа.

„Мене не ми е потребна ИБФ титулата, тоа е парче го..о, не ми значи ништо, останува титула само на хартија. Мартин и Џошуа никогаш нема да се борат за светската титула како што јас го направив тоа против Кличко, го победив непобедливиот. ИБФ појасот за мене е безвреден, дури и да го освојам ќе уринирам врз него“, потенцирал Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО