Тајсон Фјури по мечот: Еден од најтешките мечеви во последните десет години, Нгану е многу подобар отколку што мислевме

„Џипси Кинг“ очекуваше многу полесен меч од оној што му го приреди Френсис Нгану.

Минимални шанси имаше Френсис Нгану во боксерскиот меч против светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, но Нгану ги протурка сите 10 рунди и на крајот тесно загуби со поделена одлука. Тајсон Фјури веднаш по мечот имаше само пофални зборови за противникот.

„Ова дефинитивно го немаше во сценариото“, започна Фјури, шегувајќи се на сметка на сите оние кои мислеа дека ова е меч кој е однапред испланиран и договорен како ќе помине.

„Френсис е одличен борец, силен е и силно удира. Тој е многу подобар боксер отколку што сите мислевме дека некогаш ќе биде“.

За време на неговата ММА кариера Френсис Нгану често беше мета на критичарите поради неговата прилично лоша техника на удар. Нгану отсекогаш поседувал катастрофален удар, но технички не изгледал полиран. Тој постигна голем напредок во изминатите неколку месеци и исто така го изненади Фјури со неговите вештини и пристап.

„Слушајте, тој е многу тежок противник и добар удирач, многу го почитувам! Го почитував пред борбата, а го почитувам и сега после борбата. Ме изненади со својот чуден стил и тоа што не одеше постојано напред. Стоеше подалеку од мене, ги чекаше моите удари и се обидуваше да се спротивстави. Тој е добар борец и ми го даде еден од најтешките натпревари во последните десет години“.

Најинтересниот момент од овој меч се случи во текот на третата рунда. Френсис Нгану со фантастично лево кроше го погоди Фјури и го испарти на подот. Тоа беше единствениот нокдаун на мечот меѓу Фјури и Нгану, но Џипси Кинг успеа да се опорави по судиското пребројување.

„Тоа е дел од боксот. Повторно бев удрен по тилот. Не бев премногу потресен, се беше во ред и станав”, кратко изјави Фјури.

Еден од судиите го забележа мечот во корист на Нгану, но, двајца, сепак, го видоа Фјури како подобар. Тајсон Фјури не сакаше премногу да гледа наназад кон судиите, ниту пак им покажа лутина.

„Не знам дали беше толку блиску, но победив и тоа е најважно“, беше заклучокот на „Џипси Кинг“ кој со многу мака стигна до 34-та победа во професионалната кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON