Тајсон Фјури по триумфот против Дилиен Вајт и одбраната на титулата шампион на ВБЦ повтори дека се повлекува. Тоа се случи во април, а Џипси Кинг се уште тренира.
Се чини дека го чека исходот од средбата меѓу Александр Усик и Ентони Џошуа кој ќе се одржи на 20 август во Саудиска Арабија.
Пред неколку дена изјави дека многу би сакал да боксира против Џошуа, а тој меч дури може да се договори доколку Ентони го победи Украинецот и си ги врати појасите на ИБФ, ВБА и ВБО.
Но, во последното интервју Фјури раскажа за трауматичното искуство што му се случило на третиот меч против Дионтеј Вајлдер. Кралот на Ромите во октомври минатата година со нокаут го совлада Бронзениот бомбардер.
„Го нокаутирав во 11. рунда, но не беше лесно. Почувствував голем оток на задниот дел од главата. Не знаев дали се работи за сериозна повреда, не знаев што се случува“, изјави Тајсон Фјури и додаде:
„Тоа многу ме исплаши. Имав потрес на мозокот и не се сеќавам на ништо. Во еден момент помислив дека ме собори четири пати, но всушност тоа се случи само два пати. Веќе по тој меч размислував да ја завршам кариерата“.