Чарлс Оливеира – борец на годината

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Чарлс Оливеира (33-8) е прогласен за борец на годината во ESPY. Ова го објави репортерката Меган Оливи за време на турнирот УФЦ на АБЦ 3 минатиот викенд.

Меѓу конкурентите на Оливеира за наградата беа шампионот на УФЦ во перо категорија Александар Волкановски (24-1), шампионката на УФЦ во бантам категорија Хулијана Пења (11-4), шампионот во полусредна категорија Камару Усман (20-1) и двократната шампионка на ПФЛ во лесна категорија Кајла Харисон (13-0).

Оливеира имаше две борби во 2021 година. Во мај го победи Мајкл Чендлер (23-7) со ТКО во втората рунда, а во декември Дастин Пориер (28-7) со завршница во третата рунда.

Во мај годинава Оливеира ја загуби титулата по неуспехот на мерењето со Џастин Гејџи. Чарлс го доби мечот, но титулата остана празна.

Бразилецот ќе се бори за испразнетата титула во лесна категорија против Ислам Махачев (22-1) на 22 октомври во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО