Тајсон Фјури откри дека наскоро би можел да објави крај на кариерата

Британскиот боксер и шампион на ВБЦ, 34-годишниот Тајсон Фјури беше на удар на критики во последните неколку недели откако договараше меч против поранешниот борец на УФЦ, Френсис Нгану.

Во март преговорите во врска со борбата за обединување на појасите во тешка категорија меѓу Фјури и Усик пропаднаа, а потоа Кралот на Ромите со месеци бараше нов противник.

А бидејќи не најде противник кој му одговара (или не го ни бараше), се сврте кон поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија и договори боксерски меч на 28 октомври во Саудиска Арабија.

Во своето последно интервју за Харт брекфаст Фјури изјави дека наскоро би можел да објави крај на кариерата.

„Кој знае уште колку имам во себе, можеби година или две или само за уште една борба. Единствено што знам е дека ќе уживам во секоја минута што ми преостанува. Ќе уживам во секоја борба. Ги сакам таму моите деца таму, моите момчиња. Среќен сум со животот и што можам да им дадам возбуда“, изјави Тајсон Фјури и продолжи:

„Секој борец знае кога е време да замине. Сигурно ќе донесам вистинска одлука. Имам уште многу да направам во мојот живот. Имам многу деца и треба да се разумам. Не можам да бидам повреден и слаб“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО