Поранешниот шампион со задоволство би го гледал мечот меѓу Хрговиќ и Џошуа: Таа борба може да го спаси настанот

Борбата меѓу Ентони Џошуа и Дилиeн Вајт требаше да биде главен боксерски настан што ќе се одржи во Лондон на 12 август. Но, тој меч беше откажан откако Вајт падна на допинг тестот.

Веднаш почнаа разни комбинации за тоа кој би можел да застане како замена за Еј Џеј, а меѓу неколкуте имиња се најде и најдобриот хрватски боксер Филип Хрговиќ, кој на тој настан има договорен меч со Австралиецот Демси Меккин.

Меѓу оние кои се залагаат за мечот Хрговиќ-Џошуа е и поранешниот шампион и член на Куќа на славните Карл Фроч.

„Џошуа мора да се бори. Доколку Хрговиќ се согласи да се бори со Еј Џеј, можеме да очекуваме одличен натпревар. Хрговиќ е многу добар и способен борец и ќе биде одличен тест за Џошуа. Навивачите ќе добијат голема борба и ќе бидат задоволни“, изјави Карл Фроч и продолжи:

„Тоа сакаме да го видиме, таа борба може да го спаси шоуто. Не знам колку на Џошуа му се допаѓа таа идеја. Хрговиќ е многу тежок противник и вистински предизвик на патот кон врвот. Тоа е многу подобра борба отколку што требаше да биде против Вајт. Тој меч треба да се договори“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО