Тајсон Фјури најави нова борба за 28 септември

Поранешниот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури изјави дека годинава пак ќе се бори на 28 септември.

Во моментов тој се подготвува за претстојната битка со Том Шварц на 15 јуни во Невада. Фјури (27-0-1, 19 КО) се уште нема противник за септември, но малку е веројатно на оваа дата повторно да се сретне со Дионтеј Вајлдер. Во интервју за БТ Спорт Фјури изјави дека сака три пати да се бори во рок од 6 месеци.

„Ќе се борам повторно на 28 септември. Во рок од 6 месеци ќе се борам три пати и веќе имам датуми. Нема да ја направам грешката што ја направи Владимир Кличко и нема да го потценам Том. Ова не е лесна борба. Ќе се борам против млад лав кој сака да ме нокаутира. Тој успеа во 24-те победи 16 да завршат со нокаут. Мислам дека е добар боксер. Не мислам дека има борец кој може да ме надбоксира.

Јас сум најелитниот боксер на планетата. Том ќе треба да ме нокаутира, ако сака да победи. Дионтеј Вајлдер два пати ме собори, а може и Том Шварц да ме руши. Ќе тренирам како тројански воин, како што секогаш сум го правел тоа. Ова е средба на Англија против Германија. Едно од најголемите ривалства на планетата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО