Канело Алварез: Џејкобс е многу подобар од Генади Головкин

Сол Алварез – Канело, кој на 4 мај се бори со Даниел Џејкобс, го испровоцира поранешениот противник Генади Головкин изјавувајќи дека Џејкобс е многу подобар борец од ГГГГ.

Алварез (51-1-2, 35 КО) имаше две борби со Генади кои беа доста контроврезни, а едната од нив заврши нерешено, додека втората беше победа за Алаварез, но повторно имаше доста драма и многу луѓе веруваат дека ГГГ требаше да победи. Головкин веќе има една победа над Даниел Џејкобс, и ако Алварез навистина смета дека Џејкобс е подобар, тогаш нема да му е лесно.

„Од гледна точка на техниката, Џејкобс е многу подобар од Головкин. Неговите способности се многу подобри и тој е потежок противник од Генади. Џејкобс го има еден од најсофистицираните и завршени стилови во боксот. Многу боксери имаат тешкотии со него, бидејќи тој може да се движи многу добро. Подготвени сме за ова. Имаме искуство и сме подготвени. Во слата работевме на ова и сме подготвени“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО