Тајсон Фјури на почетокот на декември ќе го брани шампионскиот појас на ВБЦ против Дерек Чисора

Според островските медиуми, шампионот на ВБЦ во тешка категорија Тајсон Фјури и Дерек Чисора треба да боксираат на 3 декември на стадионот на Тотенхем во Лондон.

Тоа ќе биде нивни трет меѓусебен дуел, а и во двата Kралот на Ромите беше поуспешен.

Фјури победи со едногласна одлука во 2011 година, а три години подоцна славеше со прекин по десетата рунда.

Тајсон Фјури сака меч против Украинецот Александр Усик на почетокот на следната година за апсолутниот светски шампион во тешка категорија.

„Одлично е чувството што Фјури ќе ја брани титулата светски првак пред домашните навивачи во Лондон“, изјави промоторот Френк Ворен и додаде:

„Ја освои Америка преку неговата трилогија со Дионтеј Вајлдер, а сега многумина го бараат и сакаат да ги организираат неговите борби низ светот. Тајсон сакаше повторно да се бори во својата земја оваа година по специјалната ноќ во април на Вембли“.

Тајсон Фјури го совлада Дилиен Вајт со прекин во шестата рунда и го одбрани појасот на ВБЦ. Неговиот промотор го објави следниот противник.

„Еве сме сега на величествениот стадион на Тотенхем и меч против стариот ривал Дерек Чисора“, истакна Френк Ворен и подвлече:

„Дерек е и голем миленик на британските фанови. Тајсон веќе долго време размислува за трета борба против него. Не смее да си дозволи никакви киксови на тој меч, бидејќи следната година има меч против Усик за обединување на титулите. Сите со нетрпение ја очекуваме таа борба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО