Тајсон Фјури на одмор! За два месеци го очекува најголемиот меч во кариерата, а тој се забавува (ВИДЕО)

Љубителите на боксот можат да очекуваат многу возбудливи борби на крајот од оваа и на почетокот на следната година, а една од нив секако е борбата за апсолутен светски шампион во тешка категорија меѓу шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури и сопственикот на ВБА, ИБФ и ВБО појасите, Александар Усик.

Судирот кој сите со нетрпение го очекуваат ќе се случи на 17 февруари во Саудиска Арабија.

Боксерите се подготвуваат за најголемиот меч во кариерата (или барем така треба да биде), кој ќе се одржи за два месеци.

Менаџерот на Усик, Егис Климас, сподели видео на Твитер од Џипси Кинг како се забавува:

„Додека едниот игра, другиот работи напорно. Се гледаме на 17 февруари“.

Светскиот шампион своето семејство го однел на одмор во Саудиска Арабија.

На крајот на октомври, Тајсон Фјури боксираше во Ријад против поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану.

Британецот на крајот победи со поделена одлука, но неговиот настап беше разочарувачки.

Многумина беа убедени дека Кралот на Ромите ќе има лесна работа силниот ММА борец, а потоа во третата рунда дојде шок. Френсис го испрати Тајсон во нокдаун.

Фјури се врати на нозе, а остатокот од мечот беше многу попретпазлив и умешно победи на поени.

Александар Усик на крајот на август со нокаут во деветтата рунда го победи Даниел Дубоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Fury (@parisfury1)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО