Бобан Илиоски се закити со бронзен медал на Европското првенство во мај тај

Бобан Илиоски го освои бронзениот на Европското сениорското мај тај првенство во Анталија, Турција.

Илиоски во полуфиналето загуби од Јахија Ибрагимов (неутрален, спортист од Белорусија или Русија) со 28-29.

Илиоски (-86 кг) во четвртфиналето го совлада Омер фарук Каја од Турција со 29-28 (2-1). Судиите по рунди бодуваа 10-9, 10-9, 9-10.

Ова е голем успех за Илиоски кој за две недели освои две олдчија, тој во кик бокс стана светски првак во дисциплината лоу кик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО