Тајсон Фјури: Крај!

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Тајсон Фјури повторно објави крај на боксерската кариера.

Британецот не направи ниту една борба од ноември 2015 година кога го победи Владимир Кличко. Призна дека користел кокаин и беше суспендиран за допинг и тогаш објави дека се откажал од боксот. Во почетокот на 2017 година Фјури изрази желба да се врати на рингот, но не одржа ниту еден меч.

„Имав среќа да ги освојам сите најголеми титули во боксот. Тоа беше епско патување. И благодарам на навивачите кои ме поддржуваа и веруваа во мене за време на овој пат. Се надевам дека и вие се насладувавте како и јас. Крај!“, напиша Тајсон Фјури на неговиот профил на Инстаграм пред два часа.

https://www.instagram.com/p/BXBBqm3jmRM/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО