Тајсон Фјури: Ќе го средам Брок Леснар за секунди! (ВИДЕО)

Во последните две недели, боксерот во тешка категорија Тајсон Фјури неколкупати го навестува дебито во ММА. Ништо не е договорено, но Фјури е уверен дека ќе добие успешен против борците во тешка категорија на УФЦ.

Во еден подкаст на „True Geordie“, Фјури изјави дека има шанси да се бори со поранешниот носител на титулата Брок Леснар.

„Да, сакам борба со Брок Леснар, со сигурност. Гледав неколку негови дуели. Се уште е моќен, но можам да го препарирам. Во ВВЕ/WWE или вистинска борба, можам да завршам Брок Леснар за 30 секунди”.

Борецот во средна категорија, Дарен Тил, кој му држеше ММА тренинзи на Фјури, за него гледа одлична иднина.

„Мислам дека шансата да дојдеме во ММА е 70/30. 70 да, 30 не. ММА е многу различен спорт. Заработува многу пари во боксот – во топ 3 е во тешка категорија. Ќе ми биде драго да го видам, затоа што ќе направи одлично шоу“.

Мајкл Биспинг исто така предвиде дека на УФЦ наскоро ќе и треба ѕвезда како Фјури, додека претседателот на организацијата Дана Вајт се прашува зошто да да дојде и да го засилува ММА, кога ќе заработи многу повеќе пари во боксот и кечерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО