Пет одличја за Кобра на „Тирана трофеј 2019“

Кобра освои пет одличја на Меѓуанродниот таеквондо „Тирана трофеј 2019“ –  1 златен медал, 1 сребрен и 3 бронзени, на кој настапија 300 натпреварувачи од 5 држави.

Медалите ги освоија: Дамјан Трајковски – сребрен, Илија Лазаров – златен и Филип Каревски, Костадин Гелевски и Горјан Аврамовски бронзени.

Според таборот на Кобра, битно е што подмладокот почнува да излегува надвор од границите, односно се почесто почнува со учество на меѓународни турнири во категоријата пионери.

„Овој викенд не очекува многу силен турнир во Софија – Бугарија, на кого има преку 1000 учесници и таму одиме по резултати“, вели Катерина Михајловска, тренер во клубот, која воедно е дел од судиските екипи на турнирите, па така и во Тирана ја делеше правдата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО