Тајсон Фјури: Ќе го срамнам со земјата и Џошуа и Мартин

tysonfury-charlesmartin

ВБО, ВБА и ИБФ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури (25-0, 18 КО), е убеден дека ИБФ шампионот Чарлс Мартин и Ентони Џошуа немаат шанси против него.

Мартин (23-0-1, 21 КО) во првата одбрана на титулата патува во Лондон, каде што ќе се бори на 9 април со Џошуа (15-0, 15 КО).

На Фјури ИБФ му ја одзема титулата поради неможноста на одбрана против Вајчеслав Гласков. Англичанецот (27 г.) се уште чека договор за датумот на реваншот со Кличко, но во јануари го следеше мечот на Мартин со Гласков во кој Украинецот во третата рунда ја повреди ногата.

Што се однесува до борбата меѓу Мартин и Џошуа, Фјури делумно сака да победи Џошуа, бидејќи на мечот за обединување би предизвикал огромен интерес во Велика Британија, но дел од него сака да победи Мартин со кого е во пријателски односи.

Но, за двајцата смета декасе уште не се на највисокото ниво во светскиот бокс.

„Ова ќе биде голема борба за оваа земја. Кој и да победи ќе се борам со него во својата наредна борба. Се надевам дека Џошуа ќе победи поради парите, а Мартин затоа штое многу добар човек. Едно работа што знам е дека кога станува збор за борба, било со Мартин, било со Џошуа, ќе ги запознаам со врвен бокс. Откако ќе ги срамнам со земјата, ќе им реќам: „Добредојдовте во врниот бокс“, рече бес за Скај спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО