Тајсон Фјури: Ќе ги силувам Џошуа и Вајлдер (ВИДЕО)

Tajson Fjuri Amsterdam

Тајсон Фјури неодамна мораше јавно да се извинува за неговите коментари во врска со Евреите за тоа како тие контролираат се.

Наскоро би можело да следи уште едно.

Светскиот шампион во тешка категорија е на подоготовки во Амстердам за реваншот со Владимир Кличко, каде што одговораше на прашања на новинарот на ТВ ИФЛ.

„Првиот пат не беше случајност. Во реваншот ќе му го откорнам срцето на Владимир Кличко и ќе го натерам да го изеде. Ќе го хранам со неговото срце со чинија пред моите обожаватели. Мислам дека шупакот му се стиска секој пат кога некој ќе го спомне Тајсон Фјури. Јајцата му се вовлекуваат внатре. Тоа се случува кога ќе се спомене Фјури на нормалните луѓе“.

“Подготовките одат одлично. Заменив 10 килограми масти со 10 килограми мускули. Подготвен сум, би можел и сега да влезам во ринг, штета што борбата не е овој викенд“.

“Најважната работа на овие подготовки во Холандија е дека кога одам по улиците, убаво риба ми приоѓа и вели:.. Ќе ти го испушам к..от човече. Знам дека тоа е затоа што сум човек, а не затоа што суперпрвак и сето тоа. Затоа што сум згоден и имам долго…“

На прашањето дали ќе ги предизвика Вајлдер или Џошуа ако го победи Кличко, Фјури рече дека ќе ги силува.

„Не ги сакам нивните појаси, но ќе им дозволам да се борат со мене. Ќе ги натртам и БУУУМ … и ќе ги распарчам со својот долг к.р“.

„Вајлдер го ценам повеќе од Џошуа. Мислам дека Вајлдер со шака ќе го пробие ЕЏ, големиот бодибилдер надуван како балон“.

– Конечно, не дојде до борбата меѓу Вајлдер и Поветкин.

„Мислам дека, сепак, ќе го победи Поветкин. Поветкин е џуџе. Вајлдер ќе го разнесе во рингот. Вајлдер е мој човек. Додека не го фатам. Тогаш тоа ќе биде мојата кучка. Мојата борба со Вајлдер мора да се случи. Без разлика дали ќе загуби или не, мора да дојде до таа борба. Никогаш двајца такви дивови не танцувале под ѕвездите“.

Со тоа ја искористи можноста да ја исмее последната борба на Дејвид Хеј.

Смета дека Ентони Џошуа нема да има проблеми во прва одбрана на титулата.

„Мислам дека Џошуа ќе го разнесе Бризил. Тој доаѓа само по платата, како и неговиот последен противник. Нема да биде вистински тест, додека не се бори со мене или со Вајлдер или Стиворн или Ортиз. Со некој кој ќе му возврати“.

„Овие клошари со сооднос на 17, 18, 20-0, кои доаѓаат тука, не знаат да се борат. Доаѓаат само по пари. Зема пари, оди си дома, дупат, ги трошат парите и потоа побараат нова плата. Тоа не се борци. Единствени вистински борци се оние кои навистина го сакаат тоа“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО