Поранешниот светски шампион во бокс Тајсон Фјури ја забележа 28-та победа во кај тешките откако го нокаутира Том Шварц уште во втората рунда во Лас Вегас. За жал, тоа не се случи пред полни трибини.
Очекувано Британецот направи огромно шоу за фановите како при излегувањето, така и за време на мечот, а на крајот најде лесен пат до победата и чек на 13,5 милиони долари. По средбата беше време за забава.
Кралот на Ромите ја посети локалната дискотека во „Градот на пороците“. Таму тој се забавувашесо огромен број на луѓе кои моќно го скандираа неговото име и се радуваа на неговата победа над германскиот боксер.
На крајот на средбата Фјури објави кога ќе биде следниот меч и кога ќе го видиме долгоочекуваниот реванш со Дионтеј Вајлдер.