Тито Ортиз му благодари на Мачида за победата над Чаел Сонен

Тито Ортиз е еден од оние кои нема да жалат за повлекувањето на Чаел Сонен од ММА.

Минатиот викенд во Њујорк, Лиото Мачида го победи Сонен и го нокаутира на почетокот на втората рунда. По борбата „Американскиот гангстер“ објави дека се повлекува од ММА, затоа што веќе дал се од себе. Многумина му се заблагодаруваат на Сонен и тагуваат за него, но Тито Ортиз има нешто да каже за својот поранешен противник кој пред некое време го навреди неговото семејство.

Ортиз му се заблагодари на Лиото за победата и повика да не се мешаат семејствата.

„Ви благодарам, Лиото Мачида. Го споделувам овој пост, за да кажам дека пред некое време Чаел Сонен кажа некои работи за моето семејство. Потоа го победив и дојде во мојата соблекувална и праша дали сè е точно. Му реков дека треба да ми се извини на прес-конференцијата и нема да има проблем, но тој не го направи тоа.

Еден месец по нашата средба почна да зборува за моите деца. Не знам како сте воспитувани вие, но мислам дека еден човек не треба да зборува за семејството на друг“.

https://www.instagram.com/p/ByuEAwsnheo/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО