Џон Каванаг: Му се врати мотивацијата на Мек Грегор

Џон Каванаг, кој е главен на Мек Грегор, вели дека мотивацијата на неговиот борец се вратила и дека е подготвен повторно да се натпреварува на високо ниво. Мек Грегор заработи многу пари во последните неколку години, а многу луѓе сметаат дека парите се основа за неговите послаби перформанси во последниве години.

Ноториус успеа да го порази Еди Алварез во 2016 година и стана двократен шампион, а една година подоцна направи 100 милиони долари од боксерската борба со Флојд Мејведер. Мек Грегор се врати во кафез минатата година и беше понижен од Хабиб Нурмагомедов и оттогаш не престанал да тренира, а Каванаг верува дека повторно ќе ја видиме старата верзија на Мек Грегор.

„Сакав да ја видам мотивацијата кај Конор Мек Грегор. Ова е спорт во кој има целосен контакт и е многу опасно. Успеа да постигне се што планираше откако го победи Еди Алварез. Мек Грегор е светски шампион и многу богат. По ваквите работи мора да седнете и да размислите што треба да ве мотивира во иднина. Мислам дека неговата љубов кон спортот се врати. Сака да тренира и да се натпреварува. Сака да биде запаметен како еден од најдобрите, ако не и најдобар во историјата.

Тоа е нешто што се врати кај него и сето тоа почна на почетокот на оваа година. Тоа сакав да го видам во него. долго време ми беше ученик, но го прифаќам како брат. Не сакам да видам како го повредуваат, и не сакам да се бори само поради борбите, но не и целосно да се откаже од овој спорт. Сега е навистина е посветен и неговата мотивација се врати“.

https://www.instagram.com/p/By0KjV5oEKR/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО