Тајсон Фјури и Дилиен Вајт се соочија (ВИДЕО)

Тајсон Фјури и Дилиен Вајт се соочија пред големата борба овој викенд. Ова се случи за време на прес-конференцијата пред средбата. Викендов на стадионот Вембли ќе бидеме сведоци на првенствениот меч меѓу Фјури и Вајт.

Тајсон ја забложува титулата во тешка категорија на ВБЦ против Вајт, кој е привремен шампион. Организаторите на битката очекуваат на стадионот „Вембли“ да има 94.000 гледачи. Ако сите билети се распродадени, тогаш ова ќе биде рекорд по посетеност на боксерски меч во 21 век.

Рекордот беше поставен во 2017 година, кога 88.000 луѓе во живо ја видоа битката меѓу Британецот Ентони Џошуа и Украинецот Владимир Кличко. Фјури од овој меч ќе инкасира 32,8 милиони долари, а Вајт 8,2 милиони долари.

Тајсон има скор од 31-0-1 во бокс и покрај титулата ќе го брани и статусот непоразен. Последен пат, во октомври 2021 година, го победи Дионтеј Вајлдер со нокаут. Фјури победи на 22 средби со нокаут и се закани дека ќе го нокаутира и Вајт.

Дилиен, пак, има скор од 28-2 во бокс и доаѓа по победата над Александар Поветкин. Вајт го нокаутира кон крајот на март 2021 година и му се реваншира за поразот неколку месеци претходно кога Поветкин го нокаутира.

Соочување пред средбата:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО