Тајсон Фјури и Дилиен Вајт ќе боксираат на 23 април на Вембли

Познато е каде, кога и против кого Тајсон Фјури ќе ја брани титулата -светски првак во бокс во тешка категорија во ВБЦ верзијата.

Иако се очекуваше ривал да му биде Ентони Џошуа, сепак “Кралот на циганите “ ќе мора да се бори против Дилиан Вајт, Британец кој е со потекло од Јамајка.

Се е договорено, останува само уште да се потпише договорот.

Спектаклот ќе се одржи на 23 април на “Вембли“ во Лондон, а Фјури за оваа борба ќе земе 32 милиони долари, додека Вајт само 8 милиони.

Се разбира дека во овие суми не се пресметани и процентите од продажбата на ТВ правата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО