Тајсон Фјури го прекина молкот за мечот за апсолутен светски првак и го предупреди Усик

Минатиот месец се појави вест дека Тајсон Фјури и Александар Усик се договориле за меч за обединување на појасите во тешка категорија.

Борбата за апсолутен шампион треба да се одржи во декември или точно на почетокот на следната година во Саудиска Арабија.

Но, пред големата пресметка, Џипси Кинг има дуел против поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану.

Борбата меѓу Фјури и камерунскиот удирач, која ќе биде негов прв боксерски меч во кариерата, е закажана за 28 октомври исто така во Саудиска Арабија.

Во последното интервју шампионот на ВБЦ конечно проговори за мечот против Усик кој ги носи појасите на ВБА, ВБО и ИБФ. Во нивниот договор има и клаузула за реванш.

„Во моментов не сум заинтересиран за Усик, бидејќи треба да ја завршам работата против големиот Френсис. Откако ќе го решам, а ќе излезам од борба неповреден и во едно парче, тргнуваме како Донки Конг“, изјави Тајсон Фјури.

Кралот на Ромите истакнува дека му претстои лесна работа со понизок борец и откри дека ослабел во последниот и најдолг тренинг камп.

„Ќе се справам со тоа малечко кога ќе ми дојде редот. Ќе го истресам со еден потег како неколку капки дожд од моето рамо“, истакна Тајсон Фјури и додаде:

„Кога се подготвувам за борба, секогаш давам сто проценти на тренинзите. Ќе тренирам 12 недели до натпреварот. Обично тренирам само четири или пет недели, но сум надвор од рингот речиси една година. Јас сум на диета веќе четири недели и ослабев 70 килограми. Се гледаме таму“.

Но, Тајсон Фјури многу добро знае колку сериозен противник е Александар Усик и дека Украинецот е голем предизвик за него во најважниот меч во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО