Љубителите на боксот беа сведоци на редок комплимент меѓу големите противници во рингот.
Тајсон Фјури ласкаво зборуваше за формата на Дионтеј Вајлдер на социјалните мрежи, фалејќи го за тоа како изгледа. Тие имаат закажан трет меч, откако првиот заврши нерешено, а во вториот Фјури го принуди таборот на „Бронзениот бомбардер“ да го фрли пешкирот и да му ја одземе титулата во тешка категорија на ВБЦ. „Кралот на ромите“ сподели фотографија од својот противник, делејќи комплименти за неговата физичка форма во својот коментар. Сепак, Фјури не заборави да се „дружи“ со Американецот, потсетувајќи го дека лесно го совлада на вториот меч.
Wilder looking in good shape 👍
Could do with a good challange. Please bring your A+ game this time my G @BronzeBomber. pic.twitter.com/8ymOiUsCK1
— TYSON FURY (@Tyson_Fury) September 27, 2020
„Вајлдер изгледа е во добра форма. Ми треба добар предизвик. Те молам, дај се од себе овој пат, човеку мој “, напиша Фјури.