Тајсон Фјури го одложи враќањето за догодина

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури нема да се врати во рингот, како што планираше на 5 декември во Велика Британија. Британецот требаше да направи доброволна одбрана на титулата следниот месец, а непоразениот Агит Кабајел беше главен кандидат за негов противник.

„Кралот на Ромите се враќа во 2021 година“, објави на Твитер Фјури и додаде: „Само оние кои ме поддржуваат 100% од моето враќање ќе бидат со мене заради славата“.

Тајсон Фјури последен пат боксираше во февруари кога го запре Дионтеј Вајлдер во седмата рунда за освојување на светската титула на ВБЦ на гранд МГМ во Лас Вегас.

Вајлдер ја искористи клаузула за непосреден реванш за да одржи трет меч. Третата средба беше одложувана неколку пати поради пандемија на коронавирусот. Британецот и неговиот тим се изморија од чекање и најавија дека ќе направат доброволна одбрана на 5 декември – истовремено изјавувајќи дека истекла клаузулата за реванш со Дионтеј Вајлдер.

Минатата недела, Вајлдер и неговиот тим се свртеа кон нивниот правен тим, со двете страни во посета на медијатор за да утврдат дали клаузулата за реваншот е сè уште валидна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО