Тајсон Фјури ги почна подготовките за борбата со Вајлдер

Поранешниот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури ги почна подготовките за најверојатниот ревнш-дуел со Дионтеј Вајлдер.

Тој е во Марбела со Бен Дејвисон. Фјури се зема одмор за празниците откако во почетокот на минатиот месец неговата борба со Вајлдер заврши нерешено, но празниците завршија и сега е време за работа.

Фјури беше надвор од боксот неколку години и се бореше со алкохолот, дрогата и депресијата. Токму во Марбела започна неговиот пат кон покајувањето, каде што заедно со Дејвисон се подготвуваа за борбите. Сега се враќа назад и се подготвува за меч напролет или налето со Вајлдер.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО