Тајсон Фјури ги мотивира Британците, кои повторно се затворени

Шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури испрати порака во која ги поддржува сите оние кои имаат потешкотии поради последните ограничувачки мерки што ги воведе владата во Велика Британија.

Во понеделникот, Борис Џонсон изјави дека воведува ново затворање поради зголемениот борј на заразени со коронавирусот, а Фјури изрази надеж дека сите ќе се справат ако се заедно.

„Од вчера повторно сме во затворање и знам дека многу луѓе имаат потешкотии со своето ментално и физичко здравје. Вие не сте сами – ние сме заедно во ова.

Без оглед што ќе се случи, јас сум жив доказ дека сè е можно и дека сè може да се надмине. Бидете позитивни и ширете позитивна енергија на луѓето околу вас.

Може да трчате, да јадете здраво и да правите многу други работи. Заедно ќе го надминеме ова. Имајте убава 2021 година и бидете здрави и среќни“, и порача Фјури на Британците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО