Маурицио Руа – Шогун ја заврши ММА кариерата

Маурицио Руа – Шогун и официјално ја заврши кариерата во ММА. Така барем вели Дана Вајт.

Откако Руа загуби од Пол Крег на УФЦ 255, многумина очекуваа дека ова ќе биде последна борба за Бразилецот, но никогаш не видовме официјално повлекување.

Во интервјуто за ESPN +, Вајт навести нешто слично.

Ако е вистина – нема да биде изненадување. По поразот од Крег, Руа рече дека имал многу повреди додека се подготвувал за борбата. Рече и дека сака да поминува повеќе време со семејството.

„Сакам да ви се заблагодарам на сите вас за неверојатната поддршка како и секогаш. Благодарен сум што успеав да го правам ова 18 години и ми давате голема мотивација. Сега ќе одморам со семејството и ќе размислам за мојата кариера. Знам дека мисија ми е далеку од октагонот. Ви благодарам“, рече Руа кратко по поразот.

Во кариерата Руа се бореше во Прајд, а во УФЦ е поранешен шампион во полутешка категорија. Бразилецот го нокаутира Лиото Мачида на УФЦ 113 за да ја освои титулата, но ја загуби во првата одбрана против Џон Џонс.

Руа заслужува место во Куќата на славните на УФЦ, имајќи победи над имиња како Алистер Оверем, Лиото Мачида, Чак Лидел, Марк Колман и Антонио Рожерио Ногеира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО