Тајсон Фјури: Гарантирам нокаут против Френсис Нгану

Тајсон Фјури е подготвен да влезе во рингот со Френсис Нгану. Шампионот на ВБЦ во тешка категорија реши да го предизвика чудовиштето од Камерун, кое ја носи титулата на УФЦ во тешка категорија. Френсис моментално се подготвува да ја одбрани титулата и има тежок тест против Сирил Гане.

Фјури, пак, ќе се врати во март или април. Се уште не е познато кој ќе му биде противник, но опции не изостануваат. Нгану не сака да потпише нов договор со УФЦ, но е подготвен да се предомисли доколку му дозволат да настапува и на боксерски средби.

На социјалните мрежи Фјури ги праша фановите дали сакаат да гледаат таква битка. Тајсон е подготвен да боксира со Нгану, но со ММА ракавици.

„Сакате ли да се борам со Френсис Нгану според правилата на боксот со ММА ракавици?“, напиша Фјури.

Малку подоцна се приклучи и Нгану кој предложил нивната борба да биде со боксерски ракавици, но според правилата на ММА. Ова очигледно не му се допадна на Фјури, кој одговори:

„Нгану, сакаш да дојдеш во мојот свет и ме предизвика мене и Дионтеј Вајлдер. Можам да ти гарантирам дека ќе те нокаутирам и притоа ќе ја добиеш најголемата плата во кариерата. Размисли за тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО