Тајсон Фјури е сигурен во победата на Џојс против Усик

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури тотално го отпиша Украинецот Aлександар Усик на следниот меч против Џо Џојс.

Средбата меѓу поранешниот апсолутен шампион во полутешка категорија и актуелниот британски, европски и интернационален шампион во тешка категорија на ВБО сè уште не е закажана, иако Светската боксерска организација претходно оваа година нареди сличен меч.

Усик и Џојс се сретнаа на полуаматерско ниво во 2013 година, кога источноевропеецот по 5 рунди победи со едногласна одлука.

Но, според Фјури, победата на Усик во полутешка категорија нема да се пренесе на големите момчиња и токму Булдожерот ќе го запре маршот на Украинецот кон врвот.

„Џо лесно ќе победи“, рече „Кралот на Ромите“ на прашањето кого претпочита.

„Усик не е плашило како што беше во полутешка категорија пред неколку години. Тогаш беше навистина добар. Но, сами видовте дека во неговите последни два меча не покажа многу.

Тој не изгледаше добро против Витерспун, а Чез не се бореше со години. И против Чисора не импресионираше. Мислам дека овој меч беше нерешен, но.

Затоа верувам дека големиот Џо ќе помине преку него. Тоа ќе биде нешто како боксер во средна категорија наспроти супер тешка категорија“, додаде Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON