Аземи против Кубанецот Фелимон на СП, Харуни верува во победа

Ардијан Аземи (-91 кг) на Светското боксерско првенство за млади во Киелце, Полска, во осминафиналето ќе се бори со Кубанецот Хорхе Фелимон кој со прекин во втортата рунда го совлада Хенрик Цтрикјан (Ерменија).

Нивната средба е закажана за 17 април.

„Верувам во Ардијан, иако Кубанецот победи со прекин вои втората рунда против боксерот од Ерменија. Нема лоши Кубанци, но и Ардијан е добар. Не се знае. Јас верувам во победа“, вели тренерот Насер Харуни.

Ако го помине Фелимон, Аземи во чевтрфиналето го чека европскиот првак Микита Горбатенко од Украина.

„Не се плашиме од никого, иако ова е Светско првенство и нема лоши боксери“, нагласува Харуни.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО