Тајсон Фјури: Џошуа и јас бевме инспирација за многу млади боксери

Непоразениот шампион на ВБЦ, Тајсон Фјури, верува дека тој и Ентони Џошуа ја инспирирале новата генерација британски боксери.

Двајцата го држеа тронот одредено време, Фјури сè уште го држи ВБЦ појасот, а Џошуа ги држеше титулите во тешка категорија на ИБФ, ВБО и ВБА додека не загуби од Александар Усик.

Пред извесно време многу се зборуваше за нивниот судир кој го доби дури и името – Битка за Британија, но тој меч никогаш не се случи.

Џипси Кинг верува дека заедно со Еј Џеј бил пример за многу талентирани борци кои еден ден ќе постигнат врвни резултати.

„Ентони Џошуа и јас бевме инспирација за многу млади боксери. И двајцата им покажавме како се прави многу со талент и знаење. Пред да станам шампион, Британија имаше само пет-шест светски шампиони во тешка категорија“, изјави Тајсон Фјури и додаде:

„Мислам дека инспириравме многу борци и се надевам дека ќе продолжат таму каде што застанавме. Британија има многу таленти, ги има младите Дејвид Аделај, Соломон Дакрес, Џони Фишер, Фрејзер Кларк, Нејтан Горман и Даниел Дубоа. Не знам дали можат да стигнат до врвот, но дефинитивно имаат многу талент и изгледаат навистина добро“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО