Тајсон Фјури: Џошуа е неколку класи над Вајлдер

Размената на остри коментари помеѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер го вклучи и Ентони Џошуа.

„Кралот на Ромите“ изрази загриженост за менталното здравје на Американецот откако во февруари најде еден куп изговори за поразот од него. Бронзениот бомбардер одговори дека е добро и уште еднаш го покани Фјури да се сретнат по трет пат, а се чини дека тоа нема да се случи. Зборувајќи за ситуацијата со Вајлдер, Британецот го вклучи и неговиот сонародник Ентони Џошуа, правејќи паралела меѓу нив двајцата.

„Тој е од висока класа. Гледате, можеби сме долго време ривали, но ќе зборувам искрено и само искрено. Вие сте светски шампион во тешка категорија и губите – го прифаќате тоа како маж. Тој го направи тоа многу добро, го претвори во своја сила. Знаеше дека не е во право, и тоа беше сè. Не рече зошто, не најде милион изговори, еднаш не слушнав како се жали. Тој рече: „Па, честитки, ќе се видиме следниот пат“. Би сакал да можев да се однесувам како него, ако некогаш ми се случеше тоа“, рече Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО