Тајсон Фјури: Деновите во рингот ми се избројани

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, призна дека деновите во професионалниот ринг му се избројани. „Џипси кинг“ е убеден дека нема да може да остане во „борбен“ режим уште многу долго и не е ни чудо што конечно ќе ги закачи ракавиците на крајот на следната година.

33-годишниот Британец веќе еднаш се повлече од боксот, по победата над Владимир Кличко во 2015 година. Се препуши на дрога, алкохол и забави, станувајќи светски шампион во тоа време во ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО. Откако се избори со своите демони Тајсон се врати во 2018 година и повторно се проби на врвот, а во пролетта или есента 2022 година може да стане апсолутен шампион.

„Секое расно куче во одреден момент ја достигнува границата. Јас како врховно куче нема да издржам уште многу. Деновите ми се одбројани. Имам 33 години и сум бил во пеколот и назад. Не можам да издржам до 40, можеби ми останува уште една година“, признава Фјури.

Тој додава дека нема што да докажува, не само на остатокот од светот, туку дури и на самиот себе.

„Уште 2-3 меча, тоа ќе биде. Моите сметки се чисти, со сите. Сакам да уживам во тоа што го работам. Знам дека татко ми ќе биде среќен да ме види како се пензионирам за година ипол. Со победа, пораз или реми ќе дадам се од себе и потоа ќе си заминам“, изјави Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО