Тајсон Фјури во заштита на возач во Формула 1

Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, го поддржа возачот во Формула 1, Макс Верстапен, кој собра многу негатива во изминатите две недели по инцидентите со неговиот директен кандидат за титулата Луис Хамилтон.

Боксерот смета дека спортистот на Ред Бул е намерно отстранет како „лошо момче“ од медиумите. Фјури застана на страната на Верстапен и отворено го поддржа во неговата борба за титулата, но сепак им посака успех на двајцата возачи за финалето на сезоната во Абу Даби.

„Ова ривалство ме потсетува на трките за титулата Џејмс Хант и Ники Лауда. Добро е да се има трка меѓу двајцата, но не е добро Макс Верстапен да биде претставен како „лошо момче“ во медиумите“, рече Фјури.

„Знам какво е чувството да бидеш ужасно третиран од медиумите. Не е добро, знаете, особено кога сте млад и амбициозен и сакате да победувате“, напиша Тајсон на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО