Тајсон Фјури: 100% сериозен сум за борбата против Ентони Џошуа

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, пред неколку минути објави дека е целосно сериозен за борба против Ентони Џошуа во декември.

Пред околу еден час, познатиот новинар Мајкл Бенсон на Твитер изјави:

„Еди Херн изјави дека разговарал со синот на Френк Ворен, Џорџ Ворен за борбата Тајсон Фјури против Ентони Џошуа во декември: Лично, мислам дека Фјури не е сериозен, но ако е, како што му кажав на Ворен минатата ноќ, 100 % ќе седнеме и ќе се бориме“.

Тајсон Фјури брзо реагираше и само неколку минути подоцна вака ја коментираше објавата на Мајкл Бенсон:

„Ова е лесна борба со привилегии што ја парви редовен шампион до предизвикувач, јас сум 100% сериозен“, одговори Џипси Кинг на Твитер.

https://twitter.com/Tyson_Fury/status/1567083778450853888?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1567083778450853888%7Ctwgr%5Ea34524306cb159d99b1fbd31081f042e3aeb14f5%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcdn.embedly.com%2Fwidgets%2Fmedia.html%3Ftype%3Dtext2Fhtmlkey%3Dcb7145f1731b4c328f8e4d2201854ceaschema%3Dtwitterurl%3Dhttps3A%2F%2Ftwitter.com%2Ftyson_fury%2Fstatus%2F1567083778450853888image%3Dhttps3A%2F%2Fabs.twimg.com%2Ferrors%2Flogo46x38.png

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО