Една рунда му беше доволна на Tајрон Спонг да стигне до 12-тата победа во боксерската кариера.
32-годишниот холандско-суринамски борец во Вест Палм Бич не се бореше против првично најавениот Доминиканец со напумпан скор Френсис Силвенс (23-0, 22 КО).
Наместо него, „Кралот на рингот“ го нокаутира Сантандер Силгадо (28-6, 22 КО). Спонг (12-0, 12 КО) 33-годишниот Колумбиец го заврши со еден удар со десно кроше.
.