Џон Џонс зборува за браќата Емилијаненко (ВИДЕО)

Поранешниот шампион во полутешка категорија на УФЦ, Џон Џонс, во интервју за ТВ Ставка во кое зборуваше за доста теми. Џон одговори на прашања поврзани со големата борба меѓу Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов, и што мисли за браќата Емилијаненко.

Еве што мисли Боунс за Федор и Александар со кои се сликаше со нив во рингот во 2013 година.

„Голем фан сум на Федор и Александар. Фан сум им уште од годините кога се бореа во Прајд. Сум ги гледал нивните видеа на кои прават многу нестандардни вежби. Ги сакам овие момци. Според мене, физички Александар е посилен од Федор и неодамна видов дека е покрупен и ја качил мускулната маса.

Алекс дефинитивно е тврд борец. Кога станува збор за вештините на Федор, очигледно, многу е подобар. Што се однесува до борбата меѓу Чаел и Федор мислам дека Федор е многу подобар борец и ќе победи и во партер и во стој. Федор има одлично џиу џицу и многу добар стој и би го посоветувал да поработи на својата гилотина и на своето кардио, бидејќи тоа е многу важно“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО