Тајрон Спонг фати огромна анаконда (ВИДЕО)

Боксерот и кикбоксер Тајрон Спонг (38) на пат наишол на голема анаконда, која решил да ја улови. Суринамско-холандскиот борец во тешка категорија успеа да ја фати, а змијата за малку ќе го каснеше.

Тој успеа да се одбрани, а потоа ја фати за врат и ја префрлил во возилото. Видеото набрзо стана вирално на социјалните мрежи.

Спонг во својата боксерска кариера има 14-0, а како кикбоксер имаше 107 победи во 116 борби. Од нив 73 победи со нокаут. Тој требаше да се бори со Александр Усик на 12 октомври 2019 година, но борбата беше откажана откако Спонг беше позитивен на забранетата супстанција кломифен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО