Холи Холм: Кајла Харисон прифат борба на 61,2 кг, па очекувам да го одржи договорот (ВИДЕО)

Холи Холм (15-6) ќе ја пречека Кајла Харисон (16-1) во УФЦ на јубилејното издание УФЦ 300, но многумина изразија загриженост дека поранешната ѕвезда на ПФЛ ќе мора да намали премногу килограми за нивниот меч во бантам категорија. Поранешната шампионка во дивизијата, пак, категорично изјави дека очекува ривалката да се држи со договорот.

„Јас сум на мислење дека треба да влезе во категорија. Тоа мора да е нејзината ментална поставеност – „Ќе влезам во категорија“ затоа што во борбата на 61,2 кг тоа е толку едноставно. Мислам дека тоа не треба да биде проблем“, изјави Холм за Ариел Хелвани.

Харисон никогаш претходно не се борела во толку ниска категорија, но штом ја прифатила понудата, треба да биде подготвена за предизвикот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО