Таеквондото се шири на истокот – утре почнува со работа Таеквондо клубот Штип

Таеквондото се шири на истокот. Утре официјално почнува со работа Таеквондо клубот Штип.

Клубот ќе го водат двајцата браќа, успешни каратисти и тренери, Сашко и Жарко Арсовски, како главни тренери.

Како што не известуваат, тие долго време се во соработка со Таеквондо клубот Бутел, одржувајќи многу тренинзи. Тоа е клубот на Дејан Георгиевски кој ја прослави Македонија со сребрениот медал на Олимпијадата во Токио 2021 година под раководство тренерот Борче Костовски, селектор и претседател на Македонската таеквондо федерацијата.

„Среда го одбравме како среќен ден за нов почеток“, велат браќата Арсовски.

Да им посакаме среќа и успех на челновите на ТК Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО