Македонската таеквондо репрезентација вечерва отпатува за Манчестер-Англија, на Светското сениорско првенство во таеквондо кое се бодува за Олимписките игри во Токио 2020 година.
Репрезентативниот тренерскиот тандем Борче и Дарко Костовски во Манчестер ги водат:
Дејан Георгиевски (+87 кг) кој е европски шампион од 2018 година на ЕП во Бугарија;
Филип Додевски (-87 кг) носител на златен медал од Европското клупско првенство 2019 во Грција и
Анамарија Георгиевска (-62 кг), бронзен медалист од Светско јуниорско првенство 2018 во Тунис.
Сите се од ТКД Бутел.
На Светското првенство, кое е во тек и ќе трае до недела 19 мај, ќе настапат натпреварувачи од 150 држави во светот.