Таеквондо репрезентацијата се подготвува во Белмекен за олимпискиот предизвик, бадниковата паричка кај Анамарија

Македонската таеквондо репрезентација е на базични зимски подготовки во врвната олимписка база Белмекен, Бугарија, на планината Рила.

Дејан Георгиевски, Анамарија Георгивска, Филип Додевски и Марко Стевиќ по водство на селекторот Борче Костовски и тренерот Дарко Костовски на висински подготовки за идни предизвици во олимпиското таеквондо ќе поминат 21 ден, односно на 22 јануари се враќаат во Скопје.

Прв предизвик за нашите репрезентативци е Г-1 турнирот „Турција опен“ на 3 февруари. На 17 април се квалификациите за Олимпијдата во Токио 2020, на кој ќе услчествуваат само финалистите, а тоа од кај нас се Филип Додевски, Дејан и Анамарија Георгиевски.

И оваа годинана репрезентативците Бадник го минаа далеку од дома, но обичајот беше запазен и празникот одбележан со колаче, а најсреќна беше Анамарија, паричката се падна кај нејзе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON