Таеквондо репрезентацијата на Мултиевропските игри во Софија – Дејан Георгеивски ја брани титулата

Македонската реперезентација од утре ги почнува натпреварите на мулти Еропските игри во таеквондо во олимписки категории во Софија, Бугарија. 

За нашата репрезентација ќе настапат  Дејан Георгиевски +87 кг, Филип Додевски -87 кг, Костадин Георгиевски -80 кг, Иван Крстевски -68 кг, Анамарија Георгиевска -63 кг во сениорска конкуренција и ќе настапат во недела. Јуниори се борат утре, а за нашата земја ќе настапат Филип Стаменов -73 кг и Марко Аврамовски 62 кг.

Овие Европски игри кои организаторот ги преименувал во европски шампионат по сопстевна иницијатива се од серијата Г-1 и се бодуваат за Олимписките игри во Токио 2020 година.

Да потсетиме дека пред Дејан Георгиевски минатата година на овие игри го освои првото место, а Филип Додевски бронзениот медал.

Организаторот најави рекордна посетеност со 2000 натпреварувачи од 50 држави со многу олимписки и светски медалисти, а рака ќе си подадата двете светски федерации ВТ и ИТФ. Натпреварите ќе се одржат во Асикс салата во Софија и се во сите конкуренции, од деца до сениори.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО