Општина Охрид ги прогласи најдобрите во спортот во својот град за 2024 година.
За спортист на годината во Охрид е избран Давид Крстески од Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец на Европското првенство во Копер, Словенија, го освои бронзениот медал во борби, а на Европски куп во Софија, Бугарија, беше прв и е државен првак. Давид признанието го прими од градоначалникот Кирил Пецаков.
Признание за спортска легенда доби Соња Думбалоска Делова, која е долгогодишен судија на Охридскиот пливачки маратон, пливачки тренер и истакнат спортски работник.
Специјално признание доби и Пливачкиот клуб Охридски бранови 2008 по повод 45 годишнината од малиот пливачки маратон – Илинденски куп.
Фото: Фејсбук Марјанчо Лазаревски