Таеквондистите се сратенаа со Папата Франциско

Уникатна таеквондо демонстрација и првата посета кај Папата Франциско го одбележаа вчерашниот спортски ден. Неговата Светост ги отвори вратите на Ватикан и многоилјадната публика на плоштадот успеа да ја следи посетата на светската елита на олимпиското таеквондо и демонстрациите подготвени за Папата.

Делегацијата ја сочинуваа сите континентални претседатели на таеквондо организцаиите, на чело со претседателот на Светската федерација д-р Чо и претседателот на Европската централа Сакис Прагалос.

По официјалниот дел делегацијата оствари разговори со Неговата Светост насловени како „Мирот е поважен од триумфот“, што е и официјален слоган на Хуманитарната фондација спрема светското таеквондо.

Најголема атракција беше уникатна демонстрација што ја подготви корејскиот тим.

Сето ова се случува два дена пред 32 најдобри таеквондисти на планетата да си ги измерат силите претстојниот Гран при турнир во Рим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON